Ракометарите на Данска се новите олимписки шампиони. Данците на убедлив начин стигнаа до најсјајното и најпосакувано спортско одличје, олимпиското злато.

Тие во финалето на игрите во Париз, ја демолираа Германија со 39-26. До златото Данците стигнаа без ниту еден пораз на ракометниот олимписки турнир. За нив ова е трето злато од Олимпијадите, прво по пауза од 2016-та година.

Бронзата ја освоија Шпанците кој во драматичниот дуел за 3.место ја победија Словенија 23-22.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА