Кошаркарките на САД го одбранија златниот олимписки медал одвоен пред три години во Токио. Сега во финалето на игрите во Париз, Американките беа подобри од домашната селекција на Франција.
Во супер драматичен и неизвесен меч до последната секунда Американките славеа со 67-66.
За американските кошаркарки тоа е вкупно 17-то злато на Олимписките игри, а седмо во низа.
Бронзениот медал им припадна на кошаркарките од Австралија кои ја победија Белгија со 85-81.
Со женското кошаркарско заврши натпреварувачкиот дел на 33-тити Летни Олимписки игри во Париз.
Останува уште свечената церемонија на затворањето закажана за 21 часот.
Домаќин на следните игри ќе биде Лос Анџелес кој беше домаќин и на Олимпијадата во 1984 година.