Традиционално со натпреварот во „Комјунити шулд“ (Супер купот), во Англија започнува новата фудбалска сезона.
Оние кои ја затворија ланската, тие ќе ја отворат новата, а тоа е големото градско дерби на Манчестер.
На 25 мај на „Вембли“ во Лондон, Јунајтед го изненади Сити во финалето на ФА Купот, и со победата од 2:1 го освои трофејот.
Во текот на летото клубовите од Манчестер не ги променија значително во своите состави.
Амбициите на двете екипи секако се освојување на што е можно повеќе трофеи, како на англиската сцена, така и на европската.
Кој ќе го освои првиот ќе видиме по натпреварот што ќе почне во 16 часот.