Повремениот македонски репрезентативец Давид Бабунски одлчно се снаоѓа во својот нов клуб Данди Јунајтед.

Бабунски кој пред неполн месец пристигна во шкотскиот тим веќе постигна четири гола.

Тој беше стрелец на погодокот за Данди Јунајтед на денешниот натпревар против Рос Каунти на гостински терен. За Бабунски ова е првенец во шкотската Премиер лига.

Со неговиот погодок гостите поведоа во 48-та минута со 1-0. Во истиот тим целиот натпревар го одигра и вториот Македонец, Трапановски.