Атлетичарот Дарио Ивановски го заокружи настапот на шестмината македонски спортисти на 33-тите Летни Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз.
Ивановски беше нашиот последен олимпиец кој зеде учество на овие игри.
Тој беше дел од 81 атлетичар колку стартуваа на маратонската трка низ улиците на француската престолнина. Ивановски трката ја заврши со време од 2:28:15 часа, кое го рангира на 69 место.
Тој заостана +21:49 минута, зад новиот олимписки шампион, Етиопјанецот, Тамират Тола, кој постави олимписки рекорд (2:06:26 часа).
42 километарската трка ја завршија вкупно 76 атлетичари.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА