Претпоследниот дел од Летните Олимписки игри во Париз, ја носи и најтешката дисциплина, атлетскиот масратон.
Меѓу олимпијците учесници на оваа 42 километарска трка низ улиците на француската престолнина ќе биде и нашиот атлетичар Дарио Ивановски.
Тој и неговиот тренер Игор Јакимовски веруваат дека Дарио е подготвен да го истрча своето најдобро. Дали тоа ќе биде нов македонски рекорд или уште подобар резултат и за што ќе биде доволно, останува да видиме.
Дарио ветува дека ќе го даде максимумот од себе, за Македонија да биде горда на постигнатиот резултат.
Стартот на маратонската трка е во 8 часот, а за трката се пријавени 81 атлетичар.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА