Екипата на Манчестер Сити со трофеј ја почнува новата сезона. Во Супер куп натпреварот , популарниот „Комјунити шилд” популарните „граѓани“ го совлада градскиот ривал Манчестер Јунајтед по подоброто изведување на пенали.
Дуелот одигран на „Вембли“, по 90-минути заврши со нерешен резултат 1-1, а по пеналите Сити славеше со вкупни 8-7.
Двата гола од регуларниот дел беа постигнати во завршните осум минути.
Јунајтед поведе во 82-та минута со погодокот на Граначо.
Само шест минути подоцна (88) Бернардо Силва се погрижи за израмнување и го одведе натпреварот во продолженија. А, во нив немаше голови па се изведуваа пенали.
Во пенал „рулетот“ по прецизни, но и мирни, беа фудбалерите на Сити, па со вкупни 8-7 го добија натпреварот и го освоија трофејот.