Ракометарите на Германија ќе имаат можност да се борат за златото на Олимпијадата во Париз.

Ова откако во првиот полуфинален натпревар Германците по голема борба ја победија Шпанија со 25-24. Германците речиси цел натпревар имаа предност, водеа се до 52-та минута кога за прв пат Шпанија дојде во водство.

Имаше црвената фурија во два наврати гол предност, но не ја сочува. Упорноста на Германците и овојпат дојде до израз па на крајот „панцирните“ заслужено се радуваа.

Кој ќе биде нивниот противник во неделното финале ќе дознаеме по дуелот меѓу Данска и Словенија (21.30 часот).

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА