Американските одбојкари го освоија бронзениот олимписки медал.

Тие во дуелот за третото место на игрите во Париз, го победија актуелниот светски и европски шампион Италија во три сета.

Иако сите три сета минаа во израмнета и неизвесна игра, сепак Американците беа подобри. Сите три сета ги добија со два разлика, 25-23, 30-28 и 26-24.

Утре на програмата е финалето во кое домаќинот Франција ќе го брани златото во мечот против Полска.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА