Репрезентацијата на Шпанија по голема борба и дополнителни 10 минути го совлада Египет во четвртфиналето на ОИ во Париз.

Иако ракометарите на Египет речиси 59-минути имаа предност, Шпанците успеаја да се изборат за продолженија. Регуларниот дел заврши со нерешен резултат 25-25.

Во продолженијата, дојде до израз искуството на шпанските ракометари, пред се на голманот Перез Де Варгас кој имаше 19 одбрани. „Црвената фурија“ славеше со конечни 29-28.

Шпанците сега ќе го чекаат исходот од натпреварот меѓу домаќинот Франција и селекцијата на Германија.

Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од натпреварите, Норвешка – Словенија и Данска – Шведска.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
ОИ ПАРИЗ 2024 | ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ РАСПОРЕД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА