„Кралицата на спортските игри“ како ја нарекуваат кошарката ги носи четвртфиналните дуели кај мажите.
Во првиот натпревар, актуелниот светски првак Германија со победата над Грција 76-63 си обезбеди место во полуфиналето. Во него за противник Германците ќе ја има подобрата селекција од дуелот меѓу домаќинот Франција и Канада во чии редови има бројни НБА играчи и ѕвезди.
Кошаркарите на Србија со голем „кам-бек“ во вториот дел, а дури по продолжението ја победи Австралија. Иако популарните „Кенгури“ имаа и 24 поени предност, сепак во вториот дел Србите успеаја да ја анулираат. Милс погоди за израмнување (82-82) и продолжение, во кое Јокиќ ја презеде одговорноста. Со дабл-дабл ефектот кошаркарот на Денвер, ги одведе Србите во полуфиналето.
Таму противник на Србите ќе биде победникот од натпреварот САД – Бразил. Американскиот „Дрим тим“ кој е бранител на златото, важи и за топ фаворит за најсјајното одличје и во Париз.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА