Актуелните шампионки од Токио, Французинмките и ракометарките на Данска се пласираа во полуфинлето на олимпискиот турнир.

Домаќинките на оваа Олимпијада, Французинките одбраната на златото ја почнат со победата над Германија. Триколорките славеа со 26-23, па го чекаат исходот од мечот Унгарија – Шведска.

Ракометарките на Данска се пласираа меѓу четирите најдобри, откако во четвртфиналето ја победија Холандија со 29-23.

Својот противник данските ракометарки ќе го дознаат по дуелот меѓу вице-шампионките од Токио, Норвежанките кои беа единствените со максимални пет победи и селекцијата на Бразил.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА