Во тек е 11-тиот ден на Олимписките игри во Париз. Македонија има уште тројца репрезентативци кои допрва ќе се појават на олимписките борилишта. 

Еден од нив е нашиот адут за медал борачот Владимир Егоров. 

Тој фи прави завршните подготовки, во кои треба да намали на својата килажа. Егоров ќе настапи во категоријата до 67 килограми. 

Селекторот Данев верува дека нашиот борач е подготвен да го даде максимумот и пак да ја израдува Македонија со медал.