Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар денеска ги презентира новите дресови со кои ќе настапи во претстојната сезона 2024/2025.
Разбирливо, основата комбинација е црвено-црната. Овој пат, дресот е комплетно црвен, а шорцевите се во црна боја.
Во оваа комбинација, вардарци ќе се втурнат во борбата за шампионската титула, првенствено со бранителот Еурофарм Пелистер, но и Купот на Македонија, кој ќе го брани Алкалоид.
Покрај обврските на домашната сцена, црвено-црните ги очекува и настап на европската. Вардар ќе игра во групната фаза на ЕХФ Европската лига.