На машкиот ракометен турнир заврши првиот од два директни дуели кои решаваат за пласман во четврт финалето.
Во групата Б, домаќинот Франција во неизвесен натпревар полн со пресврти ја победи Унгарија со 29-24. Така актуелниот олимпискиот шампион, Франција која на последните четири Олимпијади освои три злата, сега како четвртопласирана во групата, се „протна“ до четвртфиналето.
За него пак во групата А групата, вечерва ќе се борат ракометарите на Шпанија и Хрватска. По овој меч ќе биде позната и последната селекција во ТОП 8-те.
А, таму место веќе обезбедија: ГЕРМАНИЈА, СЛОВЕНИЈА, ШВЕДСКА (А група), ДАНСКА, НОРВЕШКА, ЕГИПЕТ и ФРАНЦИЈА (Б група).
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА