Најаткаркитвната атлетскат дисциплина 100-ката во машка конкуренција донесе вистинска драма, во која победникот беше решен во фото финишот.
Златниот медал во спринтот на 100 метри го освои трикратниот светски шампион Ноа Лајлс, кој забележа личен рекорд 9,79 секунди.
Идентичен резултат во стотинката истрча и Јамајканецот Кишан Томсом, но пет илјадитинки решија да го освои среброто.
Уште еден Американец, се закитни со медал. Фред Керли ја освои бронзата со заостанување од само 2.стотинки. Ова е негов втор олимписки медал на 100 метри, по сребрениот од Токио.
Инаку оваа беше најрамноправната финална трка на сите времиња, а сите атлетичари завршија во временска разлика од 12 стотинки.
Финалето на „Стад де Франс“ го следеа 85.000 гледачи.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА