Кинеската тенисерка Кивен Женг е новата олимписка шампионка. Ова откако Женг за 105,минутио игра го доби финалето против Хрватката, Дона Векиќ со 2-0 по сетови (6:2 и 6:3).
Ова е најголемиот успех во кариерата за кинеската тенисерка, која во јануари годинава загуби од Белорусинката, Арина Сабаленка во финалето на Австралија опен.
Бронзениот медал во женска конкуренција заврши околу вратот на Ига Швјонтек, првата тенисерка на ВТА листата.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА