Американската пливачка Кејти Ледецки продолжува да плени со своите настапи на Олимписките игри.
Таа во Париз, четврти пат по ред успеа да победи на ОИ во трката на 800 метри слободно.
Американката стана само шестата олимпијка која четири пати по ред триумфирала во една дисциплина. Своето прво злато го освои на трката на 800 метри во Лондон во 2012 година, кога имаше само 15 години. Титулата ја одбрани во Рио, а најдобра беше во Токио.
Ледецки го освои своето деветтото олимписко злато. Со тоа Американката се изедначи со советската гимнастичарка Лариса Латинина, која до вечерва беше жена со најмногу олимписки златни медали.
Ледеки веќе стана најуспешната Американка во историјата на Олимпијадата. Таа носи четири медали од Париз. Пред денешната трка веќе освои злато на 1.500 метри слободно, сребро во штафетата 4х200 метри за жени и бронза на 400 метри слободно.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА