Фудбалерите на Мароко се првите што обезбедија пласман во полуфиналето на Олимпискиот турнир во Париз. Во првиот четвртфинален дуел одигран на „Паркот на Принцовите“, Мароканците беа убедливо подобри од Американците со 4-0 .
Головите за Мароко ги постигнаа: Рахими од пенал (29.минута), Ахомачи (62), Хакими (70) и Маухуб од пенал (90+1).
Противник на Мароко во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Јапонија.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите Египет – Парагвај и Франција – Аргентина
ОИ ФУДБАЛ (МАЖИ) – 1/4 финале
15.00 МАРОКО-САД 4-0
17.00 ШПАНИЈА-ЈАПОНИЈА
19.00 ЕГИПЕТ-ПАРАГВАЈ
21.00 ФРАНЦИЈА – АРГЕНТИНА