Македонскиот џудиста Еди Шерифовски го заврши својот олимписки настап во Париз. Тој во првата елиминациска борба во категоријата до 81 килограм, беше поразен од Гиљерме Шимид.
Иако на почетокот на борбата Еди беше поактивен од противникот, сепак искуството на панамериканскиот шампион ој е четврто рангиран на светската листа дојде до израз.
Бразилецот, во третата минута од борбата успеа да оствари поени (ипон) и да се пласира во четвртфиналето.
Шерифовски беше третиот македонски олимпиец кој настапи на игрите во Париз, по пливачот Ѓуретанови и Мојсовска во стрелаштво.
Следува голема пауза до следниот настап на македонските олимпијци.
Следните, и тоа два, се на 8 август кога ќе настапат таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров.
Последен од македонските олимпијци ќе настапи атлетичарот Дарио Ивановски во маратонската трка закажана за 10 август.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА