Третиот натпреварувачки ден на Летните Олимписки игри во Париз, носи натпревари во вкупно 21 спорт. Програмата почнува со бадминтонот, а ќе заврши нешто по полноќ и тоа со сурфингот. Ќе бидат доделени вкупно 14 сета на медали, а ќе доминираат индивидуалните спортови.

Она што денеска ќе привлече големо внимание ќе биде дуелот на „Роланд Гарос“ каде се игра тенискиот турнир. Во рамките од 2.коло на машкиот турнир ќе се судрат великаните Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Тениската класика е закажана како втор меч на централниот терен „ Филип Шатрие“, откако ќе заврши мечот меѓу најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек и Дијана Пери од Франција. Дамите својот меч ќе го почнат од 12 часот, а Ѓоковиќ и Надал би требало да почнат околу 13.30 часот.

Во колективните спортови денеска по скромна понуда. Ќе се играат натпревари на женските кошаркарски, ватерполо и одбојкарки турнири, како и ракометниот во машка конкуренција.

ОИ КОШАРКА – ЖЕНИ
11.00 Нигерија – Австралија
13:30 Германија – Белгија
17:15 Канада – Франција
21:00 САД – Јапонија

ОИ ОДБОЈКА – ЖЕНИ
09.00 Турција – Холандија (Група Ц)
13.00 Бразил – Кенија (Група Б)
17.00 САД – Кина (Група А)
21.00 часот Франција – Србија (Група А)

ОИ ВАТЕРПОЛО (ЖЕНИ)
14:00 Франција – Италија
15:35 САД – Шпанија
18:30 Кина – Холандија
20:05 Унгарија – Канада

ОИ РАКОМЕТ (МАЖИ)
09.00 Јапонија – Германија
11:00 Словенија – Хрватска
14:00 Египет – Данска
16:00 Шведска – Шпанија
19:00 Франција – Норвешка
21:00 Аргентина – Унгарија

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА