Денеска во просториите на ФФМ со ждрепка беа одредени двојките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Иако во мак-фудбалот немаме Супер куп натпревар, сепак сезоната ќе почне со дуел на екипите кои лани ги освоија трофеите. Така шампионот Струга Трим Лум одбраната на титулата ќе ја почне со натпреварот против освојувачот на Купот екипата на Тиквеш.
Вицепрвакот Шкендија ќе гостува во Гостивар кај новајлијата Беса. Во првата рунда закажана за 11 август (17 часот) интересно се очекува да боде во Струмица. Таму на АП Брега ќе му гостува скопски Вардар.