На машкиот тениски олимписки турнир во втората ќе гледаме големо дерби. Во него ќе играат двајцата најтрофејни тенисери Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Ова откако вчера Ѓоковиќ лесно ја мина првата рунда, во која Надал мораше да одигра максимални три сета. Шпанецот попладнево по дваиполчаса игра го победи Унгарецот, Фушовиќ со 2:1 (6-1м 4-6 и 6-4). Така во вторник на централните терен на „Роланд гарос“ каде Надал има освоено најмногу трофеи, Шпанецот ќе му се спротивстави на првиот фаворит за олимпиското злато Ѓоковиќ.

Од носителите, место во втората рунда обезбеди и Гркот, Стефанос Циципас се изнамачи во дуелот со Белгиецот. Бергс кого го совлада со 2:1 во сетови. Циципас за противник во следното коло ќе го има Британецот, Еванс.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА