На машкиот ватерполо олимписки турнир, досега одиграни се четири натпревари од првата рунда по групи.

Балканското дерби меѓу Хрватска и Црна Гора го добија Хрватите со 10-8. Првото полувреме мина во израмнета игра во која двете селекции добија по еден период па на одмор се замина со резултат 5-5. Клучната предност Хрватите ја направија во третата четвртина која ја добија со 3-1. Немаа сили Црногорците да ја надополнат негативата од два гола па популарните „Баракуди“ заслужено се радуваа.

Ви истата „А“’ група, Италијанците беа подобри од Американците, додека во „Б“ групата на победи се радуваат Србија над Јапонија и Шпанија против Австралија.

ОИ ВАТЕРПОЛО (МАЖИ)
Хрватска – Црна Гора 10-8 (група А)
Италија – САД 12-8 (група А)
Австралија – Шпанија 5-9 (група Б)
Србија – Јапонија 16-15 (група Б)
19.30 Франција – Унгарија (група Б)
21.05 Романија – Грција (Група А)

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА