Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек ја мина првата пречка, на патот до златниот медал на Олимпијадата во Париз.
Полската тенисерка која долго време е првата на светската ВТА листа во два сета го доби мечот со Ирина Камелија Бегу.
Во првиот Швјонтек на Романката и препушти само два гема (6-2), додека во вториот одигра 12 гема, а го доби сетот со 7-5.
Во следната рунда, Швјонтек за противничка ќе ја има подобрата од мечот меѓу Аргентинката, Подороска и Французинката, Парди.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА