Првиот натпреварувачки ден на Олимпијадата во Париз го носи и настапот на македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ.
16-годиниот тинејџер ќе биде првиот од шестмината Македонци кои ќе настапат на 33-тата Олимпијада.
Никола ќе плива во првата квалификациска трка во дисциплината 400 м. слободно. Стартот на трката е закажан за 11.45 часот.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА