на Олимпијадата во Париз се одигра првиот натпревар на машкиот кошаркарски турнир. Селекцијата на Австралија во дербито славеше над Шпанија со 92-80.

Клучната предност Австралијците ја направија во првата четвртина која ја добија со 10 разлика. Иако за миг во третиот период Шпанците поведоа (54-56), тоа беше се што сторија. Австралија во продолжението имаше и најголеми 13 поени разлика, а на крајот славеше со +12 (92-80)

Ова е натпревар од А групата во која вечерва ќе се одигра уште едно дерби. Во него Канаѓаните предводени од своите НБА ѕвезди ќе се надигруваат со Грците.

Во групата Б денеска се играат два натпревари.

ОИ КОШАРКА – МАЖИ
11.00 часот Австралија – Шпанија (А група) 92-80
13.30 часот Германија – Јапонија (Б група)
17.15 часот Франција – Бразил (Б група)
21.00 часот Грција – Канада (Група А)

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА