Светскиот рекет број еден на АТП ранг листата, Јаник Синер , нема да настапи на Олимпијадата во Париз.

Италијанецот објави дека се повлекува од турнирот и дека нема да игра поради воспаление на крајниците.

Синер требаше да биде прв носител, но таа позиција сега ќе му припадне на Србинот, Новак Ѓоковиќ .

„По добра недела тренинзи, почнав да се чувствувам лошо. Поминав неколку дена во одмор, а за време на една посетата на лекар беше утврдено дека имам тонзилитис и докторот строго ме советуваше да не настапувам на игрите, што е огромно разочарување, бидејќи тоа беше една од моите главни цели оваа сезона“,
напиша Синер на својот профил на Твитер.

Така сега Новак Ѓоковиќ ќе ја има улогата на прв носител, а Карлос Алкараз втор. Тоа ќе значи дека финалистите од Вимблдон, ќе може да се сретнат само во мечот за златниот олимписки медал во Париз.

Ждрепката за тенискиот турнир ќе се одржи денеска во 11 часот.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА