Екипата на Вардар во своите редови го врати младиот Дарко Сековски. 18-годишното момче, повторно го облече црвено-црниот дрес. Тој беше и меѓу резервите во тимот на Вардар на гостувањето против Динамо Загреб
Ова е своевиден „кам-бек“ на Сековски кој потекнува од младинската школа на Вардар. Лани Дарко го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров за која настапи на 25 натпревари.
„Чест и привилегија е да се носи црвено-црниот дрес на Вардар.
Сепак и обврска да се даде најдоброто и повеќе од тоа, од себеси.
Со напорна работа и посветеност, верувам дека на најдобар можен начин ќе ја оправдам секоја минута која ќе ми ја довери тренерот Михајлов и стручниот штаб“,
изјави Сековски.
По обврските што ги имаше со македонската репрезентации до 19 години, Сековски му се приклучи на тимот на подготовките во Словенија и му се стави на располагање на тренерот Горазд Михајлов.