Александра Боризовска е второ заливање во тимот на ЖРК Куманово за следната сезона. По три години Александра повторно се враќа во матичниот клуб.
Таа во тимот на Куманово ги мина сите младински категории. Со нејзиниот матичен клуб освои две титули во домашниот шампионат и две титули во Купот на Македонија.
Боризовска замина пред три сезони од Куманово и играше за хрватскиот Умаг, како и за грчкиот ПАОК Солун. Со ПАОК Солун успеа да освојои титули во грчкиот шампионат и трофеи во Купот.
Куманово претходно потпиша со левото крило Мила Трајковиќ која дојде од екипата на Металург Автокоманда. Од Куманово си замина Сара Богоевска која премина во тимот на Вардар.
Се очекува во наредниот период Куманов да претстави уште засилувања за пристојната сезона.
Ивона Кимовска