Остануваат четири дена до стартот на Олимписките игри во Париз. Во македонската делегација која ќе патува во француската престолнина, покрај спортистите има и судии.
Покрај веќе усталените ракометни, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, втор пат на Олимпијадите ќе биде и тениската судијка Анета Павловска.
Анета Павловска – судија тенис
Таа веќе знае како е да се биде дел од Олимпијадата. Беше во Токио (2021 година), но и на параолимпијадата во Рио де Жанеиро.
Лани го судеше финалето на „Роланд Гарос“ меѓу Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, а зад себе има и двете машки полуфиналиња на „Вимблдон“.
На еден натпревар од повисока категорија судат седум или девет линиски судии, а само еден главен, нагласува Павловска.
„Одговорноста се знае дека е поголема на главниот судија. Тој е „диригентот на оркестарот на терен“.
Линискиот судија е одговорен за делигираната линија на мечот (може секој меч да биде различна линија), а главниот за цела динамика на мечот и за сите одлуки генерално“,
вели Павловска.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА