Младиот македонски репрезентативец Амар Хот ќе биде ново засилување за екипата на Работнички.
20 годишниот кошаркар ги мина сите младински репрезентации, а беше и дел од најдобрата. Тој минатата сезона ја почна во битолски Пелистер, а ја заврши во скопски Вардар, кому му помогна да остане првилигаш.
Во следната, Хот кој ги покрива позицијиите 4 и 5, ќе ја засили играта под обрачите на Работнички.
Амар важи за еден од најборбените играчи во мак-баскетот, а со неговата упорност честопати знае да го ,,крене” својот тим.
,,Центарци” покрај обврските во домашниот шампионат и Купот ќе играат и во АБА2 лигата.