На олимписките борилишта во Париз, Македонија ќе има седуммина свои спортисти. Меѓунив ќе биде и мадиот и амбициозен џудист Еди Шерифовски за кого Олимпијадата во Париз ќе биде негова прва.

Еди Џерифовски – џудо

Ова е исполнување на мојот детски сон и цел за која секој ден живеам, вели меѓу останатото Еди.

„Чувството е феноменално, на моменти заборавам дека навистина ќе бидам Олимпиец.

Една “придавка” која многу значи за мене. Како еден чин, придавка која се добива со многу работа“, истакнува Шерифовски. 

Ова е трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во Џудо. Претходно Катерина Николовска во Рио 2016 и Арбреша Реџепи Токио 2020 учествуваа на Олимписките игри.

Иако Еди е можеби во улога на „аутсајдер“ тој силно верува дека може да оствари одличен резултат (пласман). 

„Очекувањата лично за мене се големи. Иако не сум фаворит на хартија, знам дека можам да приредам едно големо изненадување.

Спремен сум и физички и ментално за да ја направам нацијата горда“, изјави Еди.

Тој на џудо борилиштето ќе се појави на 30 јули за кога се закажани борбите во неговата категорија (до 81 килограм). 

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА