Женската фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ги одигра последниот натпревари од квалификациите за Европското првенство 2025-та во Швајцарија.
Во рамките на од групата 2 на третата по квалитет конкуренција (Лига Ц), нашите фудбалерки и гостуваат на Словенија.
По поразот од Летонија пред четири дена, нашите фудбалерки имаат само бод повеќе од конкурентките за второто место.
Со 7 бодови црвено-жолтите се на втората позиција на табелата зад неприкосновената Словенија која има максимални 15. Летонките се трети со шест бодови.
Затоа тие се во голема предност бидејќи денеска играа пред домашната публика против аутсајдерот Молдавија.
Нашите фудбалерки доколку сакаат да завршат како второ пласирани и да обезбедат пласман во баражот ќе мора да направат големо изненадување.
Впрочем Словенките покажаа надмоќ на сите натпревари вклучително и првиот против Македонија кој во Скопје го добија со 5-0.
Двата натпревари по кои ќе се знае конечниот пласман почнаа од 19 часот.