Давид Бабунски ќе биде четвртиот Македонјец кој следната сезона ќе игра во шкотската Премиер лига. Имено повремениот македонски репрезентативец ќе го носи дресот на Данди Јунајтед.

Ова денеска го потврдија од клубот кој го најави Бабунски како големо засилување во средниот ред.

Бабунси кој минатата сезона играше за унгарскиот Мезекевешд, со Данди Јунајтед потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување.

30 годишниот Бабунски потекнува од младинската школа на Барселона, но никогаш не заигра за најдобро тим. Од „Б“ екипата на каталонскиот клуб мина во белградска Црвена Звезда.

Давид ги носеше и дресовите на јапонските екипи Јокохама и Омија Ардија, пред да се врати во Европа, односно Романија каде играше за Ботошани. Во Унгарија пак покрај екипата на Мезекевешд настапуваше и за Дебрецен.