До почетокот на најголемиот светски спортски настан остануваат уште 10 дена. Францускиот главен град, Париз од 16 јули до 11 август ќе биде домаќин на летните Олимписки Игри (ЛОИ).
Македонија на оваа Олимпијада ќе има скромни седуммина спортисти. Од денеска ви ги претставуваме македонските олимпијци.
Дарио Ивановски – атлетика (маратон)
Ивановски има трчано бројни атлетски дистанци во кариерата. Дебито во најтешката дисциплина, маратонот, го имаше на Скопскиот маратон на кој следната година и победи.
Тој континуирано ги подобрува своите времиња, па во последните години, во неколку наврати го рушеше и државниот рекорд во маратон. Во моментов рекордот на Дарио изнесува 02:08:26, а тоа време го оствари на трката во Севиља, во февруари годинава.
Дарио во моментов е на подготовки во Франција каде ќе остане се до почетокот на игрите.
Тој својот настап ќе го има на 10 август за кога е закажана маратонската трка низ улиците на Париз.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА