Габриела Величковска е првото засилување во тимот на Чаир за наредната сезона. Екипата на Чаир, со искусната ракометарка потпиша договор на една година.
Таа доаѓа од тимот на Куманово каде одигра две сезони и се покажа во одлично светло.
Величковска има настапувано и во Франција во екипите на Ле Пужен и Кот Баске. На домашна сцена освен за Куманово таа има играно и во тимовите на Металург и Пелистер.
Чаир, откако заврши на второто место во женската Супер лига, обезбеди учество во Европскиот Куп.
Од екипата на Чаир си замина Јасмина Попова која премина во тимот на Вардар. Се очекува во наредниот период тимот на Чаир да претстави уште засилувања.
Ивона Кимовска