Репрезентацијата на Шпанија е новиот Европски шампион во фудбал. Ова откако во големото финале одиграно на „олимпискиот стадион“ во Берлин, ја победи Англија со 2-1.
Првото полувреме мина во тактичко надмудрување во кое двете селекции повеќе внимаваа на својот, отколку што мислеа на противничкиот гол. Затоа дури во судиското дополнение го видовме првиот, удар во рамките на голот. Се обиде Фоден но тоа беше безопасно за голманот Симон.
Вториот дел започна фантастично за Шпанците. по нецели две минути игра Нико Вилијамс на прекрасен начин успеа да ја затресе мрежата на Пикфорд и да и донесе водство на Шпанија од 1-0.
Тоа им даде дополнителни „крилја“ на избраниците на Дела Фуенте кои создадоа уште две-три изгледни можности за краток период, но резултатот остана не променет.
Така беше се до 73-тата минута кога „резервистот“ Кол Палмер со одмерен и попрецизен удар го израмни резултатот.
Иако се очекуваше Англичаните да продолжат со иницијативата, Шпанците брзо ја презедоа контролата. Повторно почнаа да напаѓаат и да го загрозуваат голот на Пикфорд кој во неколку наврати спасуваше. Сепак немоќен беше во 86.минута да го сопре ударот на Ојарзабал која ја врати предноста на Шпанија за 2-1.
За Шпанија ова беше петто финале во кое стигнаа до четвртата титула прва по 12 години кога беа шампиони во Украина и Полска.
„Црвената фурија“ испиша историја бидејќи стана првата која до трофејот стигна со максимален ефект, победувајќи на сите седум натпревари.
И своето само второ финале Англичаните (првото пред три години во Лондон, поразени на пенали од Италија), и натаму остануваат без трофеј на континенталните првенства.
Следното ЕП во 2028-мата година, ќе се одржи во Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска, Република Ирска).