Карлос Алкараз е првиот што обезбеди пласман во финалето на 134-то издание на Вимблдон или неофицијалното Светско тениско првенство.
Актуелниот шампин одф минатата година Алкараз во полуфинмалето беше подобар од рускиот тенисер Данил Медведев во четири сета.
Во мечот што траеше безмалку три часа Русинот го доби првиот сет во тај-брејк со 7-6. Сепак младиот Шпанец кој е трет носител во Лондон, заигра далеку подобро во продолжението и ги реши наредните три сета во своја полза 6:3, 6:4 и 6:4.
Кој ќе биде противник во неделното финале ќе дознаеме по второто полуфинале. Во него вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ за противник го има Италијанецот, Лоренцо Мусети.
Потсетување делка лани Алкараз до титулата дојде по епското финале со Ѓоковиќ.