Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да ја мине втората пречка на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска Бања. Тој загуби денеска од седмиот носител Федерико Бондиоли од Италија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2) за 1 час и 25 минути игра.
Ривалот на Србљак имаше максимална реализација на брејк шансите 5/5, додека Србљак имаше учинок 1/4. Во првиот сет Бондиоли поведе со 2:0 во гемови, а потоа Србљак постојано беше резултатска негатива. Вториот сет резултатски се одвиваше слично како и првиот со водство на италијанскиот тенисер од 2:0, кој потоа имаше водство и од 5:1 што беше само најава за негова победа.
Во првото коло Србљак го совлада Бенџамин Игнасио Торес Фернандез од Чиле со 2-1 во сетови (1:6, 7:5 и 6:0).
Србљак е пријавен за настап и следната недела на турнир во Куршумлијска Бања.