Бранителот на трофејот и актуелен светски шампион Аргентина е првиот финалист на Копа Америка.

Во Њујорк пред повеќе од 80.000 гледачи, Аргентина без поголеми проблеми се справи со Канада. Заврши 2:0

До јубилејното 30-ро финале,,Гаучосите” стигнаа со головите Лионел Меси и Хулијан Алварез .

Аргентинците ноќта недела кон понеделник ќе игра за рекордната 16-та титула. Противник ќе и биде Колумбија или Уругвај, кои исто така во моментов имаат 15 титули на Копа Америка.