Фудбалерите на Шпанија си ја завршија работата со пласманот во финалето на Европското првенство. Сега Шпанците мирно ќе може да го гледаат вториот полуфинален дуел по кој ќе го дознаа својот противник.
А, кој ќе и се спротивстави на „црвената фурија“ во големото финале во Берлин ќе дознаеме вечерва. Во Дортмунд, селекциите на Англија и Холандија ќе го играат својот полуфинален дуел.
Англичаните се далеку од улогата топ фаворит
Пред почетокот на првенството селекцијата на Англија беше главен фаворит за одвојување на шампионскиот трофеј. Сепак, избраниците на Саутгејт, освен на првиот меч со Србија и до некаде вториот против Данска одиграа на некое ниво.
Англичаните во последните 20 години немале во посилен тим. Фудбалерите кои играат во најсилните европски екипи, во кои имаат водечки улоги. Сепак, Саутгејт изгледаат како да го најде вистинскиот состав, вистинскиот план, систем и игра.
Таква Англија тешко може да се надева на зацртаната цел пред првенството, да го освои шампионскиот трофеј. Англичаните никогаш се немаат израдувано на „шампионската европска круна“. Најблиску до неа беа пред три години кога во финалето на својот „Вембли“ на пенали загубија од Италија. Тоа е и единственото финале на „гордиот Албион“ на континенталните првенства.
Холандија сака да ја повтори 1988-та
Репрезентацијата на Холандија која игра променливо на ова првенство, но кога беше најпотребно беше најдобра. Она што го најавија во квалификациите, Холанѓаните го исполнија во досегашниот тек на првенството. Играа брзо и беа ефикасни, честопати ја оставаа одбраната незаштитена. Дадоа девет и примија пет гола, па нивните игри, за разлика од повеќето други во првенството, беа главно интересни за гледање.
Популарните „лалиња“ се надеваат на повторување на 1988 година кога токму на првенството во Германија стигнаа до единствениот шампионски трофеј. Финалето против тогашниот Советски Сојуз е и единствениот за нив на континенталните првенства. Актуелниот селектор Роналд Куман тогаш како играч беше дел од шампионскиот тим.
Кој ќе игра во свето втор финале на Европските првенства, Англија или Холандија, ќе видиме по натпреварот што ќе почне од 21 часот.