Македонија ќе има петти претставник на европската ракометна сцена следната сезона. Покрај Еурофарм Пелистер, (Лига на шампиони) ,Вардар (Европската лига), Алкалоид, Охрид па сега и Тиквеш ќе играат во Европскиот куп.
ЕХФ ја одобри вајлд-картата за кавадарчани па тие втора сезона по ред ќе играат во ова натпреварување. Лани Тиквеш Тиквеш беше елиминиран од австрискиот тим Кремс, иако на првиот натпревари во Кавадарци победи.
Претстојната сезона, Тиквеш ќе почне од првата квалификациска рунда.
Алкалоид и Охрид ќе стартуваат од втората рунда, со тоа што тимот од Автокоманда ждрепката ќе ја чека од првиот шешир, а Охриѓани од вториот. Не е исклучена можноста двата тима да се судрат меѓусебно.
А, дали среќата ќе им го сврти грбот на трите екипи ќе видиме на ждрепката закажана за 16 јули од 11 часот.