Фудбалерите на Шпанија се првите што обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во Германија. Шпанците во првиот полуфинален натпревар, одигран во Минхен ја победија Франција и тоа со пресврт со 2-1.
Иако дуелот одлично започна за Триколорите. Веќе во 9.минута по уфрлањето на Мбапе, со одличен удар со глава Коло Муани донесе водство за Франција со 1-0.
Тоа не го смени планот на играта на Шпанците. Тие притиснаа уште повеќе кон голот на Французите и набрзина постигнаа два гола.
16-годишниот Ламин Јамал во 21.минута на ефектен начин израмни. Во 25-тата минута веќе беше 2-1 за „црвената фурија“. По ударот на Дани Олмо, топката ја зафати Кунде и ја смести во сопствената мрежа.
Во вториот дел Французите се обидуваа да стигнат до израмнување, но сето тоа беше јалово. Шпанците знаеја што сакаат и како да го исконтролираат натпреварот. Резултатот остана не променет па Шпанците заслужено се радуваа на своето петто финале, прво по пауза од 12 години кога во 2012-тата ја освоија третата титула.
Кој ќе биде противник на Шпанија во финалето закажано за во недела, ќе дознаеме утревечер по натпреварот Англија – Холандија, што ќе се игра во Дортмунд.