Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц), нашите фудбалерки на домашен терен ја пречекуваат селекцијата на Летонија. Дуелот е закажан на 12 јули , со почеток во 17 и 30 часот. Во првиот дуел одигран помеѓу овие две репрезентации, во рамките на воведното коло од квалификацискиот циклус, во Рига, Македонија славеше победа со 4:3.

Четири дена подоцна (16 јули), македонските фудбалерки во последното коло ќе и гостуваат на Словенија (19 часот). Во првата пресметка, во Скопје, репрезентацијата на Словенија забележа убедлива победа од 5:0.

Селекторот Александар Андов, денеска го објави списокот на фудбалерки за овие натпревари.

За претстојните натпревари, неизвесен е настапот на Гентијана Рочи, поради заработената повреда на вчерашниот натпревар на својот клуб во првенството на Финска.

Собирот на репрезентацијата е закажан за попладнево во 14 часот во хотел Парк. Првиот тренинг ќе се одржи денеска, со почеток во 18 часот.

Список на повикани фудбалерки

Голмани:
Берна Кабакчи (Карсон, САД)
Викторија Панчурова (Тиверија)
Кристина Павлоска (Шкендија)

Одбрана:
Ана Милчевска (Грузија)
Ане Бошевска (Тиверија)
Павлинка Николовска (Љуботен)
Викторија Недева (Тиверија)
Катерина Милевска (Цевитана
Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед)
Елена Панеска (Каменица Саса)
Елена Петревска (Љуботен)

Среден ред:
Маријана Нацева (Дортмунд, Германија)
Радица Велкова (Каменица Саса)
Хава Мустафа (Шкендија)
Александра Марковска (Љуботен)
Симона Мајер
Лечне Андрееска
Ихмете Лимани (Веинберг, Германија)
Наташа Андонова (Леванте, Шпанија)

Напад:
Јилза Максути (Ас Јунајтед)
Гентијана Рочи (Купс, Финска)
Лора Сулејмани (ГСПО 92, Франција)
Афродита Салихи (Шкендија)
Јована Павловска (Тиверија)