Повеќекратниот македонски шампион Работнички ангажира нов странски кошаркар за следната сезона. Станува збор за Босанецот, Његош Сикираш.
25-гоодишниот Сикираш (206 см) ги покрива позициите 4-5 и треба да биде засилување во борбата под обрачите.
Његош е роден во Пале, а кошарка почнал да игра во локалниот клуб Три Поена на 12 години. Откако играше за КК Будуќност Бијелина, се пресели во Италија во тимот на Стела Азура во август 2013 година.
Во август 2021 година, Његош потпиша за Борац Бања Лука, каде минал една сезона. Лани настапувал во словенечката екипа Рогашка.
Претходно Работнички ги доведе бековите, Весли Персон Џуниор (САД) и Михајло Јовичиќ (Србија).
Работнички подготвува тим не само за домашната сцена, туку и за настап во АБА2 лигата.