Кошаркарите на Грција ја искористи предноста на домашниот терен и ја елиминираа Словенија во квалификациите машкиот олимпискиот кошаркарски турнир.
Грција се првиот финалист на турнирот во Пиреја, откако многу полесно од очекуваното ја совладаа Словенија со 96-68.
Ниту Лука Дончиќ не успеа да ја спаси Словенија од елиминацијата, па и тој остана без можност да настапи на Олимпијадата. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, 7 скока, 5 асистенции, но и дури 10 загубени топки.
Грците во финалето го чека подобриот од вечерашниот дуел меѓу Хрватска и Доминиканската Република.
Од останатите три турнири досега заврши само еден натпревар. Финалисти во Рига се Бразилците кои беа подобри од Филипини. Кариоките ќе го чекаат подобриот од мечот домаќинот Летонија и Камерун.
Олимписки игри – Квалификации – полуфинале
Пиреја
16:30 ГРЦИЈА – СЛОВЕНИЈА 96-68.
20:00 ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА – ХРВАТСКА
Рига
14:30 БРАЗИЛ – ФИЛИПИНИ 70-61
18:00 КАМЕРУН – ЛЕТОНИЈА
Валенсија
17:30 БАХАМИ – ЛИБАН
20:30 ФИНСКА – ШПАНИЈА
Сан Хуан
22:00 ИТАЛИЈА – ЛИТВАНИЈА
01:00 ПОРТОРИКО – МЕКСИКО