Репрезентацијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Европскиот фудбалски шампионат во Германија.
Во дербито на четвртфиналната да Шпанците по продолженија ја совладаа домашната селекција на Германија со 2-1 (1-1) и обезбедија место во четирите најдобри.
Натпреварот одигран во Штутгарт донесе интересен фудбал. Двете селекции играа напаѓачки, создадоа по неколку шанси, но изостана реализацијата, па и резултатот оној печениот 0-0.
Затоа пак по само седум минути игра во вториот дел беше постигнат гол. По одличното додавање на Ламин Јамал, на вистинското место беше фудбалерот на Лајпциг, Дани Олмо за водство на Шпанија од 1-0.
Примениот гол ги разбуди подзаспаните Германци до тој момент, па тие тргнаа многу по офанзивно. Влегувањето на Филкруг во игра ја направи Германија и поопасна. Фудбалерот на Борусија Дортмунд се закани во три наврати, а најблиску до гол беше во 73.минута кога ја погоди стативата. Иницијативата вроди со плоди во 88.минута кога Флоријан Вирц го најде патот до шпанската мрежа за израмнување на 1-1.
Во продолженијата Германците имаа две-три изгледни шанси да дојдат во водство, но не ги искористија., Затоа кога сите очекуваа крај и изведување на пенали, Микел Мерино ја затресе мрежата на Нореј за 2-1.
Разочарувањето на Германците кои очекуваа трофеј пред својата публика беше огромно, но затоа Шпанците ќе слават до доцна во ноќта.
Противник на Шпанија во полуфиналето ќе биде победникот од вечерашниот дуел во Хамбург меѓу Франција и Португалија.