Новак Ѓоковиќ ја забележа втората победа на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон.

Во меч од второто коло, вториот светски рекет на АТП листата, Ѓоковиќ одигра четири сета во дуелот со Џејкоб Ферли (227.ми на АТП).

На Ѓоковиќ му беа потреби три часа да го скрши отпорот на 22-годишниот Шкот кого го победи со 3:1 во сетови.

Во првите два Србинот, одигра на посакуваното ниво и ги доби во своја полза со 6-3 и 6-4.

Во третиот Шкотланѓанецот го извлече најдоброто од себе и го доби сетот со 7-5.

И во четвртиот сет беа одиграни 12 гема. решавачки беше единаесеттиот во кој Ѓоковиќ го направи единствениот брејк. Веднаш по тоа го доби својот сервис за кончени 7-5.