Со одигрувањето на последните два натпревари од Ц групата, комплетирани се четвртфиналните парови на Копа Америка.
Фудбалерите на Бразил одиграа само 1-1 во дербито со Колумбија и завршија како второ пласирани во Ц конкуренцијата.
Кариоките поведоа во раната фаза на натпреварот односно 12-тата минута, со голот на Рафиња. Таквата предност ја одржуваа се до дополнението на првиот дел (45+2), кога Муњоз израмни на 1-1. Тоа се покажа како конечен резултат на мечот, па Колумбија ја сочува првата, а Бразил втората позиција.
Така Бразилците за противник во четвртфиналето ќе ја имаат селекцијата на Колумбија во дербито на првата рунда од нокаут фазата.
Инаку, четвртфиналето започнува ноќта меѓу четврток и петок. Аргентина, една од не поразените селекции на турнирот ќе игра против Еквадор. Венецуела која исто така оствари три победи, ќе игра против Канада, додека Колумбија против Панама.
Распоред за четвртфиналето на Копа Америка
05.07 – Аргентина – Еквадор (03:00 часот)
06.07 – Венецуела – Канада (03:00 часот)
07.07 – Колумбија – Панама (00:00 часот)
07.07 – Уругвај – Бразил (03:00 часот)